Актуелно
Руско вселенско летало без екипаж се урнало на Земјата
Руско вселенско летало без екипаж, што врши снабдување на Меѓународната вселенска станица, паѓа неконтролирано кон Земјата, изјави анонимен руски службеник.
– Леталото паѓа кон Земјата, бидејќи нема друго место каде да оди. Јасно е дека дошло до некои целосно неконтролирани реакции, изјави анонимен службеник запознаен со ситуацијата.
Се очекува во текот на денот руската вселенска агенција да објави соопштение за настанот.



