Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Што ако Месечината удри во Земјата? Видеото што го исплаши светот!

Sci-fi

Што ако Месечината удри во Земјата? Видеото што го исплаши светот!

Што би се случило доколку Месечината некогаш се судри со Земјата? Оваа прашање ги вознемири многумина откако на Јутјуб-каналот „Метабол студиос“ беше објавена реалистична симулација, која сценариото го прикажува во најстрашни детали. Корисниците коментираат дека ова видео е позастрашувачко од било кој филм за катастрофи!

Оваа симулација се појави во јавноста токму во време кога научниците предупредуваат на опасноста од астероидот „2024 YR4“, познат како „убиец на градови“, кој според некои проценки би можел да се судри со Месечината или со Земјата.

🌍 Дали катастрофата навистина е можна?

Според досегашните истражувања, шансите за ваков сценарио се исклучително мали, но последиците од потенцијален судир би биле разорни. Научниците предупредуваат дека постои можност во 2032 година астероидот „2024 YR4“ да се доближи опасно блиску до Земјата. Дополнително, уште еден астероид, „Богот на хаосот“, би можел да претставува закана во истиот период.

Маркетинг

Во обид да ги истражат можните последици од вакви удари, Алваро Грација Монтоја од тимот на „Метабол студиос“ создаде сценарио во кое огромен астероид удира во срцето на Њујорк. Нивните симулации редовно прикажуваат како различни вселенски настани би можеле да влијаат врз Земјата.

🌕 Дали е можно Месечината некогаш да удри во Земјата?

Врската помеѓу Земјата и Месечината не е само астрономски факт – таа е клучна за животот на нашата планета. Месечината го стабилизира климатскиот баланс, го контролира приливот и одливот на морињата и океаните, па дури и влијае врз земјината ротација.

Според податоците на „Форбс“, ваков судир би можел да се случи дури за 65 милијарди години, што значи дека човештвото нема од што да стравува во блиска иднина. Сепак, видеото предизвика вистинска паника меѓу гледачите, а многумина останаа без зборови по она што го видоа.

Иако ова сценарио е чиста научна фантастика, видеото повторно го покрена прашањето – колку сме подготвени за реални закани од вселената? Што мислите, дали човештвото има план за вакви катастрофи? 🌠🚀

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.