Вести
СЈО отвори седум нови истраги, осомничени 17 лица
Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отворило седум нови истраги во кои се осомничени 17 лица за злоупотреба на службена должност, измама и други кривични дела.
Првата истрага под името „Странски служби“, како што информира обвинителката Фатиме Фетаи, се однесува на две осомничени лица едното помошник-министер во МВР, кој се сомничи дека е директен извршител, и другото началник на оперативна техника во УБК, осомничено за поттикнување.
Според обвинителката Фатиме Фетаи, во октомври и ноември 2014 година началникот, добил наводен извештај од странска компанија дека детектирале нелегални активности поврзани со клонирани односно двојни базни станици, со кој, како што рече, требало да се потврди тезата на државниот врв дека масовното незаконско прислушување го извршиле странски служби.



