Шоубиз
Аргентинската полиција официјално обвини пет лица за смртта на Лиам Пејн, од кои двајца се во притвор
Поранешниот член на групата One Direction почина во средината на октомври, а истрагата покажа дека во неговата смрт биле вмешани неколку луѓе.
Пет лица се официјално обвинети во врска со смртта на Лиам Пејн, поранешен член на One Direction, кој почина во средината на октомври откако падна од третиот кат во хотел во Буенос Аирес. Меѓу обвинетите е и неговиот близок пријател Роџер Норес.
Роџер Норес, кој претходно тврдеше дека се сретнал со музичарот неколку часа пред неговата смрт и дека го напуштил хотелот еден час пред трагедијата, е обвинет за убиство од небрежност, како што пренесува Infobae. Норес, кој негира дека го напуштил пејачот пред неговата смрт, наводно не е во притвор, но му е забрането да ја напушти Аргентина.






