Шоубиз
Полицијата го претресува хотелот по смртта на Лиам Пејн, се бараат нови докази
Музичарот Лиам Пејн почина на 16 октомври откако падна од третиот кат во хотелот CasaSur во Буенос Аирес. Според аргентинските медиуми, полицијата влегла во хотелот во потрага по дополнителни информации за персоналот на хотелот.
Изворите велат дека од хотелот се бара да ги предаде новите безбедносни снимки на истражителите и да обезбеди информации за вработените. Во моментов се води истрага за вработените кои работеле на денот на неговата смрт, како и оние кои работеле неколку дена пред несреќата. Инспекторите веќе разговарале со двајца вработени, сомневајќи се дека тие му доставувале дрога на Лиам.
Една хигиеничарка и уште еден вработен наводно ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која полицијата подоцна ја пронашла во собата на Пејн.




