Актуелно
Сѐ уште трае акцијата во Куманово
Расчистувањето на теренот во рамки на акцијата за разбивање на вооружената група во „Дивата населба“ во Куманово се уште е во тек, потврдуваат од МВР.
Во текот на ноќта и утрово во градот се слушале спорадични истрели од автоматско оружје, како и надлетување на хеликопетри. Очевидци од повисоките градски населби сведочат дека се уште може да се забележи чад од дел од објектите во „Дивата населба“.
Акцијата на полицијата започна вчера утрото. Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска синоќа информира дека во акцијата пет полицајци загинале, а над 30 биле повредени, како и дека дваесеттина од членовите на вооружената група и се предале на полицијата.



