Актуелно
Само степен над нулата утринава во Маврово – денес сончево со умерен северен ветер
Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Лазарополе, а најстудено утрово било во Маврово.
Мерењата на УХМР покажуваат дека во Лазарополе се наврнати 42 литри на метар квадратен воден талог, во Маврово 31, Пожаране 29, Дебар 27, Тетово 25, Крушево 23, Охрид 22, Претор 21, Струмица, Тополчани, Крива Паланка, Битола и Прилеп 12, Берово и Куманово 10, Скопје 9, Пожар 8, Штип 6, Дојран, Виница и Демир Капија 3 и во Гевгелија и Ѓуриште два литри на метар квадратен.
Имерените температури утрово се движеле од 1 во Маврово, 4 во Пожар и Ѓуриште, 5 во Пожаране, 6 во Лазарополе и Крушево, 7 во Тополчани, Берово и Крива Паланка, 8 во Куманово, Скопје, Дебар, Тетово и Прилеп, 9 во Штип, Битола, Виница, Струмица и Претор, 10 Скопје Петровец и Дојран, 11 во Охрид и Демир Капија до 13 во Гевгелија.


