Вести
СДСМ: Ќе има одговорност за крвавото насилство во Парламентот
Ќе има одговорност за крвавото насилство во Парламентот поттикнато од Груевски, Иванов и Велјаноски!
Ќе одговараат за загрозување животи сите кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Крвавото насилство во Парламентот е резултат на насилието на кое што изминатиот период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници и поддржувачи.



