Актуелно
Се повеќе се бара енергетски ефикасна бела техника
Продажбата на бела техника во Македонија расте. Потрошувачите при изборот на производот главно се водат од цената, иако се повеќе интерес има и за енергетски ефикасните производи.
– Граѓаните се интересираат и бараат производи што се енергетски поефикасни, што е и на запад многу актуелно. Ние имаме на лагер, набавуваме и може и да ги едуцираме граѓаните и дополнително колку што има потреба. На секој производ има специјално истакната ознака за енергетска ефикасност и колкава е потрошувачката на енергија и колкава е заштедата, изјави Александар Медарски, раководител на малопродажба во „Техномаркет“.
Додава дека секако оние брендови што се од повисока класа имаат пониска потрошувачка, односно поголема енергетска ефикасност, што се бара сега на пазарот.



