Актуелно
Се укинуваат хартиените билети во ЈСП Скопје
Од 1 септември годинава во градскиот јавен автобуски превоз се укинуваат хартиените билети за 10 возења, а оние за едно возење, купени кај возачот, остануваат во употреба. Останатите билети ќе бидат впишувани во електронските персонализирани и неперсонализирани картички.
Системот за електронската наплата е воведен во ЈСП Скопје уште од август 2015 година, кога прво беа воведени билетите за бесплатен превоз на повозрасната група на граѓани (над 62 години за жени, односно над 64 години за мажи) и бесплатните билети за учениците од основните и средните училишта.
Како што информира ЈСП Скопје, од август 2015 до 31 декември 2015 година беше тест период, во кој беа воочувани одредени мали технички проблеми, кои успешно беа решени.



