Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

#СегаКажувам: Кампања за „НЕ“ против молчењето за сексуалното злоставување

Вести

#СегаКажувам: Кампања за „НЕ“ против молчењето за сексуалното злоставување

#СегаКажувам им даде храброст на стотици жени и мажи јавно да проговорат за сексуалното злоставување кое го доживеале некогаш во животот.

Идејата за кампањата потекнува од американската иницијатива #MeToo со која жени од најразлични области се изјаснуваат за сексуално злоставување за кое досега молчеле.

Жртвите на сексуално или било кој тип на насилство и вознемирување тешко се одлучуваат да ја споделат својата приказна со некого, уште повеќе со јавноста.

– „Целта на #СегаКажувам #TaniTegoj не е да се спроведе казна или одмазда врз поединечни престапници, туку да се стави во фокус и да се де-нормализира насилството и микроагресиите што се вршат врз жените и девојчињата, како и да се предизвика културата што го имплицитно и суптилно го негува и наградува тоа „фраерско” токсично машко однесување“, потенцира Ана Василева преку својот Фејсбук профил.

Безбројни постови на социјалните мрежи се појавија под хаштаговите #СегаКажувам #TaniTregoj на кои можете да прочитате многу од потресните приказни на наши сограѓанки кои ги споделуваат.

– „Имам 22 години и лежам пиштол гола на операциона маса во државна болница. Не знам зошто баш морам да сум гола. И ден денес не ми е тоа јасно. Доаѓа анестезиологот и застанува зад мене. „Охоoo, младо месо“, вика пред да ми шибне спинална анестезија. Од сите доктори и сестри во салата, никој ништо не кажува. #СегаКажувам #TaniTregoj“ – е една од објавите.

На социјалните мрежи се појавија и објави од мажи – жртви на ваков тип насилство:

– „#СегаКажувам кога бевме во основно училиште, на часот по физичко наставникот ни влезе во соблекувалната и мене и еден другар нѐ фати меѓу нозете и ни ја повлече долната облека, прашувајќи нѐ дали не боли. Откако му реков не, добив одговор дека ќе ме болело кога ќе сум имал влакна. Потоа сфативме дека истиот тој наставник тоа го направил на уште десетина други малолетни момчиња!“

Време е да бидеме гласни, дојде време кога треба да се каже стоп на сескуалното злоставување!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.