Вести
СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Најмногу снег наврна во Маврово
Облачно со локални претежно слаби врнежи од снег, главно во западните и крајните источни делови од земјава. Во Скопје има појава на слаб локален дожд. Во долниот тек на Повардарието дува слаб југоисточен ветер.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот). 1 Ѓуриште, 2 Берово, 5 Пожаране, Крушево, 6 Лазарополе, 10 Маврови Анови.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: -3 Маврово, -2 Кр. Паланка, Пожаране, Ѓуриште, -1 Берово, Крушево, Лазарополе, 0 Дебар, Тополчани, Тетово, 1 Претор, Виница, Куманово, 2 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Д. Капија, Дојран, 3 Гевгелија, Охрид.



