Вести
Шекеринска: На 30 септември да гласаме за европска Македонија
Нашето членство во ЕУ и во НАТО нема да биде подарок. Во изминативе години покажавме дека направивме и жртвувавме многу за Македонија да дојде до вратата на ЕУ и НАТО.
Ние сме подготвени да го завршиме нашиот дел од работата. Кога ќе влегуваме во НАТО и ЕУ ќе влеземе како Македонци, ќе кажеме дека го говориме мајчиниот македонски јазик и ќе бидеме горди на нашата македонска култура и традиција и нашиот идентитет ќе го зацврстиме.
Ова вечерва го истакна вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска на трибината со граѓани во општина Аеродром.



