Вести
Скопјани повторно се гушат во честички, а на Водно одат со автомобили
Скопјани повторно дишат загаден воздух!
Нивото на ПМ 10 честичките во воздухот е повторно далеку над дозволените граници, а мерните станици во Скопје деновиве покажуваат високи концентрации на канцерогените честички.
И покрај тоа што аерозагадувањето непрекинато ја надминува дозволената граница во Лисиче, Карпош и Гази Баба, и тоа посебно во ноќните часови каде нивото на ПМ 10 честички надминува и 500 микрограми на метар кубен, сепак се уште нема конкретни мерки од надлежните.



