Вести
Скопје на светската мапа на е-трговијата: TikTok и Booking доаѓаат на најголемата регионална конференција
На 4 ноември 2025 година, Скопје повторно ќе стане центар на дигиталната економија на Балканот. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), во просториите на Националната опера и балет ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија – најголемиот и највлијателен настан од оваа сфера во регионот.
Минатата година конференцијата обедини 742 учесници од цел Балкан, а годинава интересот е уште поголем – веќе над 300 учесници потврдија присуство во рана фаза, а организаторите очекуваат над 800 гости од регионот и пошироко.
Новитет за ова издание е фактот што првпат конференцијата ќе се одвива на две сцени – една за главни говори и панел дискусии, и друга за практични работилници. Покрај е-трговијата, оваа година фокусот ќе биде ставен и на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), како двигатели на дигиталната трансформација.


