Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Смртни закани за новинарот Борјан Јовановски: Новинарите на пладне се собираат пред Владата

Актуелно

Смртни закани за новинарот Борјан Јовановски: Новинарите на пладне се собираат пред Владата

Откако вчеравечер непознато лице однело посмртен венец во домот на новинарот Борјан Јовановски со натпис „последен поздрав“ велејќи дека „поздравот“ е од Тодор Александров, новинарите за денеска напладне најавуваат собир пред Владата.

Колегите на Борјан со гнасење и одлучно ќе му го вратат венецот на испраќачот, порачувајќи му така дека не му се плашат.

Новинарите ги повикуваат своите колеги и сите граѓани да излезат и пред зградата на Илинденска, каде што сметаат дека е вистинското место, каде што треба да се обратат на мирен начин да го изразат својот револт од страшниот чин, со намера повеќе да не се повтори.

Маркетинг

Борјан Јовановски тврди дека е мета на долгогодишно вербално насилство од страна на медиуми и новинари кои важат за блиски до владејачката партија.

На ваквите закани реагираше и новинарскиот пленум. „Овој чин го сфаќаме како мафијашка порака од фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари, што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта!“, се наведува во соопштението на пленумот.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.