Актуелно
Државниот врв го осуди инцидентот кај Гошинце и повика да не се злоупотребува
Државниот врв на синоќешниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија и констатира дека надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за негово расветлување, за пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.
Воедно, државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и настанот да не се злоупотребува во какви било цели.
Ова се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов кој го свика состанокот, на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето информирале за инцидентот во липковскиот регион.




