Актуелно
Снег на Попова Шапка, Маврово, Стража и Плетвар!
Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонија пат“.
Според Автомотосојузот на Македонија, врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, како и на планинските премини Стража и Плетвар. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд.
Намалена видливост поради магла, според АМСМ, има на планинскиот премин Пресека до 100 метри, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и на патот Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри.



