Актуелно
Со шипки нападнат и претепан новинарот Саше Ивановски – Политико
Насловна фотографија: Принтскрин / YouTube
Вчеравечер во скопската населба Кисела Вода, две непознати и маскирани лица го нападнале новинарот и сопственик на Мактел, Саше Ивановски – Политико, пред зградата во која живее, пренесува порталот Мактел.
Според информациите, маскираните лица со шипки успеале неколку пати да го удрат по главата, нанесувајќи му тешка повреда.



