Актуелно
Физички нападнат новинар на телевизија Телма
К.П., 1984 година од Скопје, е напаѓачот на новинарот на Телма, Павле Беловски.
Тој вчеравечер во 21.20 часот на улицата Димче Мирчев број 9 пред главната капија на МВР, без повод и причина физички го нападнал и повеќе пати со раце и со нозе го удрил Беловски во пределот на лицето, главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди во вид на оток.
К.П. е приведен во полицiската станица Центар за расчистување на настанот, информира МВР.



