Вести
Сончево и релативно топло на првиот ден од Новата Година
На првиот ден од Новата Година времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има услови за појава на претпладневна магла. Преку денот ќе има умерено наоблачување и ќе биде релативно топло, особено на повисоките места.
Температурата ќе се движи од 7 до 14 степени, а во Скопје и околината слично време со температура до 8 степени.



