Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

До среда поларни утра со температури до -15 степени

Временска прогноза

До среда поларни утра со температури до -15 степени

До средината на оваа седмица, во Македонија се очекува стабилно, студено време, со услови за појава на магла по котлините и ниски утрински температури. Прогнозите покажуваат дека температурите насекаде ќе се движат во негативните вредности и можат да се спуштат под -15 степени Целзиусови.

Според информациите од УХМР, најстудено ќе биде утре и во вторник. Од четврток, се очекува засилување на северниот ветер, а температурите ќе бидат во пораст.

Во понеделник, времето ќе биде ведро, тивко и многу студено. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе се движат во интервал од -18 до -8 степени, додека максималните ќе достигнат од -3 до 5 степени.

Во Скопје, наутро се очекува ведро и многу студено време, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -13 степени, додека максималната ќе достигне 3 степени Целзиусови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Временска прогноза

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.