Вести
Сончево и топло до 38 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има ретка појава на дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе биде висок со вредност 9.
Во Скопје слично време со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 38 степени.



