Вести
Сончево и топло, попладне локална облачност
Времето во земјава ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува, особено вдолж Повардарието.
Дневната максимална температура ќе се движи од 32 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 13 до 36 степени.


