Вести
Видео-репортажа на Би-Би-Си за Охридско езеро
„Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа“ е насловот на видео – репортажата што ја објави Би-Би-Си вчера на својата веб-страница во рамки на т.н. Травел шоу.
– Ова е најстарото езеро во Европа. И средината околу него е стара, исто така. Дури и Охрид бил град уште во времето на таткото на Александар Македонски, Филип, во четвриот век пред Христа, вели авторката на почетокот од репортажата.
Токму историјата, нагласува, е причината поради која туристите сакаат да доѓаат во Охрид.



