Вести
Сончево и топло со мала до умерена облачност – од утре заладување и дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 степени Целзиусови, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите од 4 до 25 степени.


