Актуелно
Сончево, попладне краткотраен дожд
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со локален краткотраен дожд и со можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.



