Актуелно
Сообраќајна несреќа доцна синоќа во Ново Лисиче: Автомобил со матуранти се забил во цистерна
Насловната фотографија е преземена од Фејсбук
Голема сообраќајка се случила доцна ноќеска, околу 3 часот наутро во Ново Лисиче во близина на бензиската пумпа на Булевар Србија. Автомобил марка мерцедес полн со млади лица се забил во паркирана цистерна за гас која стоела на бензинската, пренесува MK news.
Од засега непознати причини автомобилот со голема брзина се забил во задниот дел на цистерната но вистинска среќа е што автомобилот не експлодирал бидејќи цистерната се наоѓала на самата бензинска а во нејзина непосредна близина имало и други цистерни.



