Вести
Спасени четири од 12-те деца заглавени во пештерата во Тајланд
Спасувачките екипи досега извлекоа четири од 12-те деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд, соопшти попладнево шефот на спасувачката операција, гувернерот на провинцијата Чианг Рај. Наронгсак Осатанакорн.
Претходно, западните медиуми повикувајќи се на извори во кризниот центар, јавија дека биле спасени шест деца, но Осатанакорн на прес-конференција ги негираше таквите информации.
Тој нагласи дека прво биле извлечени две од момчиња кои биле во најдобра здравствена состојба, па потоа уште две други.



