Вести
Почина момчето кое пред 10 дена беше нападнато во Автокоманда
Утрово во 8.00 часот почина Н.С. (21), кој на 29 јуни физички беше нападнат од страна на три машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“.
На 30 јуни Министерството за внатрешни работи соопшти, дека на 29 јуни, околу 17.30 часот, бил физички нападнат Н.С. од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“).
По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот, додека Н.С со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.



