Вести
Српските дипломати се враќаат во Скопје, македонскиот амбасадор кај Вучиќ
Персоналот на српската Амбасада денеска се враќа во Скопје, соопшти МНР, а претседателот на Србија Александар Вучиќ, како што пренесува Танјуг, во Белград ќе ја прими македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко.
Средбата на Вучиќ со Типко треба да се одржи во 11 часот.
Според српското МНР, амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ се враќа во Скопје на 31 август. Се очекува таа да побара прием кај македонскиот премиер Зоран Заев на 1 септември.



