Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Стотина македонски камиони заглавени на Батровци

Актуелно

Стотина македонски камиони заглавени на Батровци

Стотина македонски камиони се заглавени на хрватско-српската граница поради блокадите на граничните премини меѓу Хрватска и Србија што меѓусебно ги воведоа Загреб и Белград.

Од транспортната асоцијација „Макамтранс“ инфромираат дека нивните последни сознанија се дека од Хрватска во Србија се пропуштаат дел од камионите кои не носат стока која е поврзана со Хрватска, а другите се упатуваат на паркинг плацеви.

Бидејќи не функционира ниту еден градничен премин за влез од Србија во Хрватска, од „Макамтранс“ упатуваат апел до камионџиите да ги користат алтернативите преку  Босна и Херцеговина и преку Унгарија.

Бројот на камиони се менува постојано.

Транспортната асоцијација АМЕРИТ, пак, бара од владите на земјите во регионот итно спроведување на мерките предвидени во обврзувачките меѓународни акти и конвенциите во оваа сфера.

– Неопходно е неодложно и стриктно почитување на меѓународните правила и прописи во областа на меѓународната трговија и транспортот, како и на Конвенциите во оваа сфера, што ќе обезбеди ако не надминување, но секако премостување на последиците од веќе петдневната блокада на превозниците на стоки на граничните премини во Србија и Хрватска, каде се заробени неколку стотици македонски транспортери кои трпат милионски загуби, наведуваат во соопштението од АМЕРИТ.

Според нив, на тоа се обврзани владите на сите држави, вклучително и во регионот, кои под итно треба да ги спроведат мерките што се предвидуваат во таквите обврзувачки меѓународни акти, вклучувајќи го и принципот на солидарност во вонредни ситуации и настани што треба да го применат транспортните, трговските и коморските организации и асоцијации.

АМЕРИТ упатила укажување за состојбата до Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ со седиште во Женева, како и до колегите во партнерските транспортни асоцијации во регионот, односно во Србија и Хрватска.

– Нашите транспортери чекаат на граница со расипливи стоки веќе петти ден, без надеж дека наскоро ќе има некаква разрешница. Свесни сме дека проблемот ги надминува и локалните бизнис рамки и релации и повеќе е од  политичка природа, зашто веќе и највисоките фактори во ЕУ зборуваат за трговска војна со реципроцитетни мерки на Балканот, односно помеѓу Хрватска и Србија, но трпи транспортот, трпи и економијата, укажуваат од АМЕРИТ.

Согласно информациите на АМЕРИТ од терен, за поголем дел од транспортерите кои се веќе на граница немаат друга опција освен да чекаат Хрватска да ги отвори границите. Заглавените транспортери во колони долги и до 15 км. немаат можност да се вратат и пренасочат кон други алтернативни гранични премини. Дури и да можат да излезат од колона и да дојдат до друг граничен премин, постои технички проблем со документацијата, со затварање на гаранцијата и отварање на нова низ земјата низ која поминуваат. Воедно драстично се зголемуваат трошоците, времето за транспорт, а за сето тоа време се расипуваат стоките. Се уште е рано да се зборува за штети, кои сигурно ќе бидат огромни, наведуваат од АМЕРИТ.

За македонските транспортери кои чекаат во колоните за влез во Хрватска, АМЕРИТ во текот на денешниот ден организира достава на храна и вода за возачите на одредени пунктови. Тим на АМЕРИТ ќе биде присутен таму се додека од тоа има потреба.

АМЕРИТ советува до транспортерите за влез во ЕУ, од граничниот премин Табановце – Прешево, да излезат од Србија на Сремска Рача, во БиХ да влезат на Орашје и на истоимениот премин Орашје да влезат во Хрватска, односно ЕУ. Работодавците,пак, да ја разгледаат можноста да ги пренасочат камионите од Беатровци на друг граничен премин, преку Вршац или Српска Црња (15 км од Вршач) за влез во Романија.

Апелираат до властие во Хрватска и Србија во името на националните и меѓународни интереси, што побрзо да ја решат кризата, да ги анулираат обострани и штетни контрамерки.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.