Шоубиз
Јелена Карлеуша сака да го врати профилот: „Ќе се сретнам со претставници на Инстаграм во Америка“
Српската пејачка Јелена Карлеуша тврди дека наскоро ќе одржи состанок со претставници на Инстаграм во Соединетите Американски Држави поради затворањето на нејзиниот профил. Нејзината цел е што поскоро да го врати пристапот до споменатата социјална мрежа и таа ги презема сите потребни чекори за да го постигне тоа.
Таа ja објави оваа информација на својот профил на мрежата X.
„Денес се навршуваат три месеци откако мојот Инстаграм беше затворен. За неколку дена, ќе се сретнам со претставници на Инстаграм како дел од META во Америка, заедно со моите правни застапници. Во случај да не го вратам профилот, ќе морам да отворам нов и да почнам од нула. Наскоро ќе бидете известени“, напиша Карлеуша на X.





