Вести
Струшката депонија сѐ уште гори
Струшката депонија речиси два месеца постојано гори, а поради густиот чад и непријатната миризба кои се шират низ градот граѓаните на Струга деновиве организираат протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.
Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку вчера, за време на посетата на општина Струга, истакна дека со одлука на Владата, Министерството за животна средина има формирано работна група за разгледување на проблемот со депонијата, во чиј состав освен од Министерството за животна средина, членуваат и претставници на министерствата за здравство, за транспорт, од Дирекцијата за заштита и зпасување и од Дирекцијата за кризи.
Дураку најави дека проблемот со депонијата во Струга ќе го решат со користење средста од ИПА фондовите.



