Вести
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи во западните делови во претпладневните часови и околу пладне, а попладне нестабилно ќе биде во југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 23 до 32 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје и околината слично време со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи претпладне. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.



