Вести
СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО: Денеска облачно со врнежи од дожд и засилен северен ветер
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег.
Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава, на моменти со брзина и над 90 км/час.
Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од осум до 17 степени.



