Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СТУДЕНО УТРО: Во Берово минус 21 степен

Вести

СТУДЕНО УТРО: Во Берово минус 21 степен

Најстудено изутрина во државава е во Берово, каде се измерени минус 21 степен, по што следат  Маврово, со минус 17, Лазарополе, -16, Крушево, Крива Паланка и Струмица, – 14. Минус 12 се регистрирани во Куманово, -11 Скопје Петровец, Тетово, Дебар, Пожаране, -10 Виница и Штип, -9 Охрид, Ѓуриште, -8 Прилеп, Демир Капија, Тополчани и Скопје, -7 Битола, Претор, -6 Гевгелија, -4 Дојран.

Висината на снежната покривка во Маврово изнесува 71 сантиметар, 48 во Лазарополе и Пожаране, 46 во Ѓуриште, 30 во Крушево..

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата од минус два до пет степени.

Маркетинг

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата до два степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста поради што од понеделник утринските температури ќе се покачат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.