Актуелно
Студентите ги напуштаат работните групи со МОН
Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк
Студентите ги прекинуваат преговорите со Министерството за образование и излегуваат од работните групи за новиот Закон за високо образование.
Причината за ова се повеќето активности во изминатиот период во кој студентите беа жртви. Тие се револтирани поради апсењето на нивните колеги во минатонеделните протести кои се во притвор и се товарат за учество во толпа и спречување на полициски службеник во работата.



