Вести
Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе го одбележи 8 мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
По тој повод ќе биде промовирана и поштенска марка, а во рамки на одбележувањето ќе бидат организирани и серија други настани во сите 34 општински организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје.
Црвениот крст на Република Македонија, како Национално друштво и рамноправен член на меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, ги реализира своите активности во областа на дисеминацијата, поаѓајќи од корпусот на меѓународните инструменти во чија основа се Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година, како и основните документи на националното друштво како што се Законот и Статутот на Црвениот крст на РМ.



