Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тешка сообраќајка во скопски Аеродром: Моторциклист со голема брзина удрил во велосипедист

Актуелно

Тешка сообраќајка во скопски Аеродром: Моторциклист со голема брзина удрил во велосипедист

Насловната фотографија е преземема од порталот Кирилица.мк

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчеравечер околу 11 часот на булеварот Кузман Јосифовски-Питу кај ТЦ „Скопјанка“, кога еден мотоциклист со голема брзина удри во возач на велосипед, пренесува порталот Кирилица.мк

Велосипедистот го поминувал пешачкиот премин, а два автомобили застанале и го чекале да помине. Додека ја поминувал третата лента, во него со голема брзина удрил моторот, и го отфрлил неколку метри. Од падот и двајцата учесници во несреќата останале да лежат неколку минути на асфалтот, додека не пристигнало возило на Итната медицинска помош.

Минувачите кои во тој момент се затекнале во близина на несреќата велат дека глетката била ужасна. Едниот од повредените лежел неподвижно, а другиот силно се тресел.

Лекарите им пружиле итна помош и ги одвеле во ургентен центар, со повреди кои најверојатно се животнозагрозувачки.

Извор и фото: Кирилица.мк

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.