Актуелно
Учениците од „Арсени Јовков“ пуштени на домашно лекување
Четиринаесет ученици од Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ кои со симптоми на кашлање и солзење на очите вчера попладне и вечерта биле примени на Клиниката за токсикологија, се пуштени на домашно лекување. Тројца ученици кои со истите симптоми вчера биле примени во Градската општа болница „8 Септември“, исто така се пуштени на домашно лекување.
Доктор Нестор Поповски од Клиниката за токсикологија денеска изјави дека од примените ученици, еден бил задржан на хоспитализација и по неколку часа е пуштен на домашно лекување.
– Сите направени испитувања беа во границите на нормала така што ниту едно дете не е во каква било опасност. Може и денеска да има некои тегоби во смисла на кашлање и печење на очите, но други симптоми нема. Денеска четири – пет лица дојдоа на контрола, немаат никакви посебни симптоми и дадена е терапија повеќе за иритација на очите, рече Поповски.



