Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и ветровито – од утре затоплување со повисоки дневни температури
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степени.



