fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Младите доаѓаат – концерт со учениците од државните музички училишта

Настани

Младите доаѓаат – концерт со учениците од државните музички училишта

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук

Младите доаѓаат – концерт со учениците од државните музички училишта

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта.

На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија Михајловска – пијано (VIIодд., класа: проф.м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (IIгодина, класа: проф.м-р Благој Маротов), Јосипа Василевска – флејта (Iгодина, класа: проф. Николина Ефтимова Тодоровска), Виктор Рафајловски – пијано (IIIгодина, класа: проф. Катерина Фидановска Ќетковиќ), Теодора Пејиќ -соло пеење (IIIгодина, класа: проф.Александра Коцевска), Магдалена Дрмач – виолончело (I година, класа: проф. Александра Јаневска) и Гоце Златев – пијано (I година, класа: проф. Славица Мицевска).

Концертот „Младите доаѓаат“ ќе го води местро Сашо Татрчевски. Роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.

Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на Македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.