Вести
УХМР: Излевањето на Вардар во Скопје е заради градежните активности
Застојот на протокот на вода во центарот на Скопје е вештачки и се должи на градежните актовности во минор коритото, поради тоа има појава на излевање во делот од шеталиштето возводно од градбите, велат од УХМР, Сектор за хидрологија.
Оттаму посочуваат дека врнежите и топењето на снегот предизвикуваат брз истек на водите во водотеците и суводолиците и оти тие ги зголемиле водостоите на сите водотеци во земјата.
Особено покачување се бележи на водотеците од западниот и северниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележи на реките Радика, Сатеска, Вардар, Треска, Лепенец.



