Вести
Груевски најави оставка од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Курир најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата. Се надева дека тоа ќе помогне да се разреши актуелната политичка ситуација.
– Јас вечерта после првиот круг на изборите јасно кажав дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата, вели Груевски.
Партијата, како што посочува, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој ќе се избере претседател на ВМРО-ДПМНЕ.



