Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УХМР: Затоплување кон крајот на неделата – снегот забрзано ќе се топи

Вести

УХМР: Затоплување кон крајот на неделата – снегот забрзано ќе се топи

Највисока снежна покривка од 64 сантиметри во Македонија, изутрината во 8:00 часот е измерена во Маврово. Во Ѓуриште се измерени 43 сантиметри снег, во Пожаране 40, во Лазарополе 38, во Крушево 28, во Битола 23, во Тетово и Берово 21, во Демир Капија 17, во Скопје 16, во Скопје-Петровец 14, во Струмица 10, во Крива Паланка 8, во Тополчани 5, во Претор 4, во Прилеп 3 и во Штип 2 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеортолошки работи.

Утрово во во 8:00 часот најниска температура од -13 е измерена во Тетово, -11 во Скопје Петровец, -10 во Маврово, -8 во Скопје, -7 во Берово, -6 во Крива Паланка, Куманово и Пожаране, -4 во Виница, Крушево, Лазарополе и Битола, -3 во Дебар, Штип, Тополчани, Ѓуриште и Демир Капија, -2 во Прилеп, -1 во Претор и Струмица, 1 во Охрид и Гевгелија, 2 во Дојран.

Во текот на изминатата ноќ како и утринава во земјава преовладува променливо облачно и претежно тивко време. Во крајниот јужен дел, односно во Претор има повремен слаб снег.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и претежно тивко. По одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Во текот на денот ќе има намалување на облачноста особено во северните делови на земјава.

Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди, но и со појава на слаба магла. Температурата ќе достигне до околу 2 степена.

Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини.

Во четврток и во петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст.

Кон крајот на неделава ќе има значително затоплување, а тоа се очекува да предизвика забрзано топење на снежната покривка, велат од УХМР.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.