Вести
Уште еден член во семејството на Раде Шербеџија – Нина роди здраво момче
Голема радост во семејството на легендарниот актер Раде Шербеџија! Неговата најстара ќерка, Нина, вчера роди здраво момче, а гордиот дедо не ја крие среќата. Според српските медиуми, мајката и бебето се во одлична состојба, а семејството со возбуда го слави овој убав момент.
Нина Шербеџија е во брак со српскиот актер Филип Ѓуриќ, кој е познат по улогите во сериите Група, Црна свадба и 12 речи. Двојката се запозна во 2014 година, а нивната љубовна приказна започна четири години подоцна. Во јули 2023 година, тие го крунисаа својот однос со бајковита венчавка во Нови Сад, каде што живеат и работат. Тогаш, Нина блескаше во елегантна венчаница, а еден од најемотивните моменти беше кога татко ѝ, Раде, ја испрати до олтарот.
Славниот актер, кој е познат по своите улоги во холивудски и балкански филмови, сега доби нова улога – онаа на дедо. Покрај Нина, тој има уште две ќерки, Милица и Вања, од бракот со Ленка, како и синот Данило и ќерката Луција од првиот брак со Иванка Церовац.



