Актуелно
Утре постудено со пороен дожд, во недела сончево
Времето утре во Македонија ќе биде облачно и релативно студено за овој период од годината, со повремени врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, а во југоисточните делови се очекува да наврнат и над 50 л/м2.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 11 до 18 степени.
Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи само до 17 степени.



