Актуелно
Матурантите танцуваа квадрил на плоштад „Македонија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Плоштад „Македонија“ денеска пулсираше во ритамот на танцот квадрил кој го одиграа скопските матуранти, како дел од манифестацијата „Матурска парада 2016“.
Годинава, оваа традиционална манифестација посветена на матурантите се одржа по јубилеен, десетти, пат.
Во манифестацијата „Матурска парада“ беа вклучени повеќе од 1.000 матуранти од 20 средни училишта од Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица, Валандово, Гевгелија и од Неготино.







