Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утрово најстудено во Маврово, Берово и Крушево

Вести

Утрово најстудено во Маврово, Берово и Крушево

Маврово, Берово, Крушево, Ѓуриште, Тополчани, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране утрово имаа температури под нулата.

Во Маврово, како што информира УХМР, се измерени минус 7 степени, во Берово -5, во Крушево – 4, Ѓуриште и Тополчани -3, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране -2, во Штип, Виница, Струмица, Прилеп и Куманово нула, во Скопје, Битола, Охрид, Претор и Дебар еден,  Тетово 2, Демир Капија 3, Дојран 4 и Гевгелија 5.

Во текот на ноќта зголемена облачност имаше на крајот од ноќта на запад и северозапад. Утрово е претежно сончево на југоистокот од земјата. На повисоките места и вдолж Повардарието дува умерен северен ветер.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер и доста студено преку денот. Температурата до 6 степени.

До средината на работната  недела  ќе се задржи променливо облачно повремено со подолги  сончеви периоди. Во вторник на крајниот југозапад ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Во овој период ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер и утринските температури на повеќето места ќе бидат под нулата. Од четврток ќе започне да дува претежно југоисточен ветер, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Изгледи за нови врнежи има за крајот на следниот викенд.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.